Дваесет и осумгодишен жител на Џепчиште киднапиран, а потоа пуштен

Од:

Дваесет и осумгодишник од тетовското село Џепчиште во СВР Тетово пријавил дека под закана со оружје насилно бил внесен во возило, а за неколку минути подоцна бил пуштен. Настанот се случил вчера околу 20 часот кога излегол од угостителски објект во селото.

– Откако насилно бил внесен во „голф 7“ со скопски регистерски ознаки во кое се наоѓал 42-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица и уште неколку други лица, возилото се упатило кон населбата Дреновец во Тетово. Набрзо потоа 28-годишникот бил симнат од возилото. Нешто подоцна, Ј.А. самиот се пријавил во полициската станица Тетово, информира СВР Тетово.

Приведениот е задржан, а СВР Тетово најавува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски