Два пожари во липковско, екипи на ТППЕ и на „Македонски шуми“ на терен

Од:

Екипи на кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми“ и екипа од Територијалната противпожарна единица од изутрината на терен се обидуваат да го локализираат пожарот во месност меѓу липковските села Отља и Стрима.

Директорот на кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми“, Ваит Саити информира дека нивна екипа од 35 луѓе теренски се обидува да го локализира пожарот.

Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, пак, информира дека на местото на пожарот испратиле едно возило и нивна екипа.

– Со возило ќе гасиме до одредени места, но сепак мора да се потенцира дека станува збор за непристапен терен, изјави Илиевски и додаде дека гори нискостеблеста шума и растенија.

Раководителот на подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување, Драган Димковиќ информираше дека и тие испратиле своја екипа да изврши увид на тој пожар.

Во меѓувреме, од кумановската подружница на „Македонски шуми“ информираат дека гори нискостеблеста шума кај Белановце. Саити додаде дека имаат екипа која работи на локализирање на пожарот. Дел од вчерашниот пожар од Скопска Црна Гора делумно се проширил и на територија на Липково, но таму интервенираат екипи од Скопје.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски

Најмалку 128 лица загинаа во големиот пожар во Хонг Конг

Пожар во магацин за гуми во Загреб, неколкумина се тешко повредени

(ВИДЕО) Горат седум облакодери во Хонг Конг – најмалку 36 мртви и 279 исчезнати

А1он

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

(ВИДЕО) Горат неколку згради во Хонг Конг, се бројат загинатите и повредените

Горан Наумовски