Два пожари во Долнени, се интервенира со два авиона и хеликоптер

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека попладнево на територијата на Општина Долнени избувнале два пожара.

Според ЦУК, едниот пожар е над манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, а гори висока трева, нискостеблеста шума, како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон селото Зрзе.

Вториот пожар е над селото Кошино каде што, освен висока сува трева, гори и квалитетна дабова шума. Пожарот се приближил на околу 300 метри од првите куќи во селото.

-Како подршка на прилепските пожарникари кои се обидуваат да воспостават контрола над пожарот од земја, полета еден авион на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а вториот се подготвува за полетување. Истовремено за полетување се подготвува и еден хеликоптер на МВР, информира ЦУК.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола