Два пожара горат во велешко, за едниот е побарана и помош од хеликоптерите на МВР

Од:

Центарот за управување со кризи информира дека на територија на општина Велес активен е уште еден пожар меѓу селата Караслари и Црквино над месноста викана Венуле каде гори сува трева и шума.

Интервенираат четворица пожарникари со едно противпожарно возило, а известени се и од Јавното претпријатие „Македонски шуми ШС Бабуна“.

Како што стои во информацијата од ЦУК, вработените од ова претпријатие не излегле на терен бидејќи возилата не биле исправни и регистрирани.

– Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12:30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите, велат од ЦУК.

Од вчера на територија на Велес активен е уште еден пожар меѓу селата Отиштино и Оризари кој го гаснат четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати