Два поголеми пожари во охридско уништиja поголемо количество сточна храна

Од:

Два поголеми пожари за само два дена во регионот на Охрид и Струга целосно пеплосаа сточна храна.Огнената стихија во струшкото село Заграчани изгоре објект во кој се наоѓале 500 бали јонџа,100 бали слама, поголемо количество на друга сточна храна и 300 метри цевки.

Струшката противпожарна служба интервенирала со три пожарникарски возила и девет пожарникари.Пожарот е локализиран по 4 часа борба со огнената стихија. Причината за пожарот според кажувањата на сопственицикот било палење на отпадоците во блиската депонија, по што огнената стихија се проширила кон објектот.

Струшките пожарникари денес интервенирале и во охридското село Волино, каде била опожарена површина со 4.000 м2 јонџа.

Пожарот се проширил од претходно запалени стрништа информира за А1он, Урим Каба-командир во Струшката противпожарна единица. Во гаснењето на пожарот учествувале и охридските пожарникари со неколку возила.

Струшките пожарникари денес интервенирале и во рибарница во градскиот пазар во Струга, каде од струен удар се запалил објектот но не била причинета поголема материјална штета.

За сега ситуацијата во планинските подрачја во регионот на Струга и струшко е мирно, но проблем претставува депонијата кај селото Октиси, која минатата година била најголем извор на пожари во регионот на планината Јабланица.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола