Два нови апарати во функција на Клиниката за неврологија

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Клиниката за неврологија каде се поставени и веќе функционираат два нови апарати – транскранијален доплер и апарат за промена на плазма, какви досега немало во јавното здравство.

Тој појасни дека транскранијалниот доплер е апарат кој ќе помогне во превенцијата, детектирањето, а потоа, поради добра дијагностика и во третманот на мозочните удари и патологијата која е предмет на работа на оваа Клиника.

Другиот апарат за промена на плазма, како што рече министерот Тодоров, е апарат кој исто така го немало досега на Клиниката, а пациентите на кои им била потребна промена на крвна плазма биле третирани на Клиниката за нефрологија на апаратите за дијализа, со што се пречистувалe само 40 проценти од плазмата. Со новиот апарат се прочистува 80, а потоа и 100 проценти од плазмата.

– Очекувам дека со овие два апарати кои веќе се ставени во функција ќе се намали листата на чекање која ја има на Клиниката за кардиологија, односно се чека подолго време бидејќи има потреба ваков тип на преглед на повеќе клиники, а исто така ќе се зголеми и точноста на дијагностицирањето. Очекувам дека овие апарати ќе се користат интензивно на Клиниката за неврологија и дека на таков начин ќе се подигне нивото на квалитетот на услугите, изјави по посетата министерот за здравство.

Вредноста на двата нови апарати е околу шест милиони денари.

Според податоците на Министерството за здравство во Македонија околу 4.000 пациенти годишно добиваат мозочен удар, а инциденцата на невролошки заболувања е од 200 до 300 на 100.000 жители.

– Ова е една од пофреквентните клиники. За жал кардиоваскуларните заболувања се причина број еден за смртност во Македонија, како и во Европа. Оваа Клиника е фреквeнтна и затоа е потребно постојано да се набавуваат нови апарати кои ќе помогнат за полесна, побрза и поточна дијагностика, рече Тодоров.

За очекување е, додаде тој, како старее населението бројките постојано да се зголемуваат.

Одговарајќи на новинарско прашање министерот Тодоров истакна дека сите доктори на клиниките за препраќање од една во друга клиника треба да издаваат интраспецијалистички упати, а не да ги враќаат пациентите кај матичните лекари за нови упати.

– Министерството постојано е во комуникација со докторите, започната е и нова пракса, а тоа е да им се испраќаат СМС-пораки со кои се информираат за некои од можностите на системот „Мој термин“. На одредени доктори веќе им е испратена порака со објаснување токму на оваа тема. Укажано им е дека за препраќање на пациентите од една во друга клиника не е потребно да ги враќаат кај матичните лекари, туку дека во рамки на системот треба да издадат интраспецијалистички упати помеѓу две клиники, рече Тодоров.

Додаде дека на ваков начин ќе се намали малтретирањето на пациентите, но и ќе се зголеми ефиканоста во целиот здравствен систем.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство