Два милиони евра за обнова на возниот парк на Владата

Од:

Владата ќе го подновува возниот парк со нови автомобили. Договорот за оперативен лизинг склучен пред три години истекува во август, па затоа службата за општи и заеднички работи при владата распиша тендер за склучување на нов ваков договор.

Бидејќи договорот за оперативен лизинг истекува набргу четириесте автомобили марка фолсваген пасат по завршување на тековниот договор веќе нема да се користат.

За набавка на четириесет нови автомобили на оперативен лизинг службата за општи и заеднички работи проценила дека се потребни 112.576.272 денари или 1.830.508 милиони евра без вклучен ДДВ.

Screenshot_3

Доколку на предвидената сума од службата се додаде данок на додадена вредност од 18 отсто конечната сума е над два милиони евра.

Васе Доневски од Службата за општи и заеднички работи при владата вели дека не станува збор за купување на автомобили туку склучување на договор за три годишно користење на возила кои ќе се набават во иднина.

Според него предноста на ваков вид на набавка е тоа што трошоците за сервисирање каско осигурување паѓаат на товар на лизинг компанијата а обврска на службата се само професионалните возачи и горивото. За оваа намена по склучување на договорот службата плаќала месечна рата.

Доколку се направи проста математика според парите кои се планираат да се потрошат или околу два милиони евра-цена на едно возило за користење за период од три години изнесува 50.000 евра без во тоа да се вкалкулира горивото и ангажманот на професионален возач.

Со новиот тендер исто така преку оперативен лизинг на користење ќе се набават 40 нови автомобили.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред еден месец на пресконференција објави аудио разговор за кој тврдеше дека е помеѓу премиерот Никола Груевски и екс министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска. Според него, Груевски од Јанкуловска барал да набават луксузен мерцедес во вредност од 600.000 евра а носител на набаваката да е МВР со објаснување дека станува збор за возило кое е и е потребно на полицијата.

Мерцедесот според објавените аудио разговори за кој Заев тврдеше дека се помеѓу Груевски и Јанкуловкса требало да го користи премиерот за патувања но само кога не оди на закажани настани каде има новинари за да не го видат.

Според Заев станува збор за луксузен модел кој е опремен со масажери на седишта и екрани назад.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

ГЈ: Ало

НГ: Ало, Горде шо праиш?

ГЈ: Добро еве малку по дома весници и така…

НГ: За две работи те барам

ГЈ: Кажете…

НГ: Она што ми остави ти едни проспекти, ти текнува?

ГЈ: Да, да… јас да ви кажам не ви вршев притисок ама…

НГ: Тоа на М…на М…

ГЈ: Е добро океј…

НГ: Да не зборам сеа вака…

ГЈ: Да да…знам знам, точно…ако има шанса да ми го вратите проспектот за да го напраиме ко шо треба, да не утнам нешто…

НГ: Тој ми е тука пред мене, тие другите два не знам кај ми се…тоа тебе не ти требаат другите

ГЈ: Не ми другите по, тој шо треба е кај вас….хахах

НГ: Да… ја ги видов сите три пошто овој го одвоив, тој терај го, ќе видиш таму што треба, фул све…

ГЈ: Да де… па затоа и да видам попрецизно да биде ко шо треба ахах..пратете ми го вие…

НГ: И битно ми е позади, позади да има екрани… коа се возам со маливе…

ГЈ: Да да да…нема проблем, таму имаше у тој јас, се сеќавам и јас го листав, нема пробчем тој ќе го напраиме…

НГ: Друго ќе видиш тој е фул као за….

ГЈ: Да де да, не, не, не океј си е…

НГ: …се знае тоа…

ГЈ: Мислам таму не може да има промашај на таа варијанта…хахах

НГ: Да да

ГЈ: Така да супер…

НГ: Така да почни ја постапката, терај ја

ГЈ: Да да да, ние ќе го напраиме само вие пуштете ми го назад проспектов, за да…

НГ: Утре го добијаш…

ГЈ: Да, да, да, да биде ко шо треба работава…сеа да не зборам и ја многу…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

НГ: Ова со процедурава за набавка за она што ми испрати ти едни…

ГЈ: Да, да, да веќе ја стаивме у постапка со тоа што ја милам и кажав како треба да испадне, треба само да видам неделава требаше некаде да објавиме за да направиме внимателно, пошто е нели 100 посто електронски да не ни улета некој друг нели треба да има нешто…мислам тој човекот шо ми е таму мислам е… отворено му кажав да испадне вака и вака сеа оти не може да не му кажеш, а да испадне…

НГ: Да де да…

ГЈ: Така да он рече добро да проучам што е специфично у однос на другиве за да стесниме простори оти…

НГ: Да да…

ГЈ: … нели на 100 посто електронски, не моеш да речеш, слушај ти не чиниш, посебно што и тие другите чинат нели…

НГ: Ама истовремено треба да се пази тој и да не се забораи кога ќе виде како е работата, тој што ќе понуди…

ГЈ: Е па ние нели ја знаеме вака од прошлиот пат рамката па сега ако забега ако треба па ќе поништиме еднаш па ќе распишеме пак…

НГ: Да, да…

ГЈ: Мислам не може да не дере нели…

НГ: Да да…Ова го примив што го остаи го видов… вчера и ми го најави тој човекот

ГЈ: Да да, добро јас сакав и му реков да напраи белешка знаете да си имаме да сме на чисто…

НГ: Да, па тие што викаш ти што останале работи нека ги пратат кај нас и така, кај Лена

ГЈ: Океј, па јас му реков викам остај ги кај тебе у каса негде дур не се договориме, да не ги шетаме оти они знаете, кај нас мислам без оглед шо максимално дискретно, они мора да напраат од кај е што е… ради нели, да се заштитат со процедура, уште денес ќе ги пратиме у некоја кутија кај Ленче…

НГ: Кај Лена на рака да…

ГЈ: Да да, океј договорено претседателе…

НГ: Пријатно…

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов