Два милиони денари од градската каса за банери на интернет порталите

Од:

Два милиони денари или нешто над 32.000 евра ќе потроши Град Скопје за банери на интернет порталите.

Тендерот за рекламни услуги ја доби продукциската куќа „Квазар филм“. На нивната официјална веб страна се поставени и проектите кои досега ги направиле, главно за потребите на владата. Дел од пропагндниот материјал на кој се потпишани се рекламите за претприемачки дух со слоганот „Осмелисе“, видео спотови за Агенцијата за електронски медиуми, спот за „Macedonia timeless-food“ и за АМСМ.

Од Град Скопје објаснија дека станува збор за редовна пракса. Банери на интернет порталите ќе се закупувале за редовни настани од културата каде градот се јавувал како покровител, за градежни активности но и за текoвни информации за дополнително информирање на граѓаните преку веб порталите.

Портпаролот на Град Скопје, Неделчо Крстевски во телефонски разговор за А1 рече дека „Квазар филм“ до нив има доставено список од над 30 интернет портали, и доплнително ќе се одлучувало каде ќе се поставуваат банерите или во зависност од тоа за каков настан се работи.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски