Два лета неделно на релација Скопје – Минхен со „Еуровингс“ од 31 октомври

Од:

ТАВ Македонија најави дека германската нискобуџетна авиокомпанија Еуровингс (Eurowings) која е дел од групацијата Луфтханза, ќе почне да лета на релација Скопје – Минхен од 31 октомври 2017, поврзувајќи ги патниците од аеродромот „Александар Велики’’ во Скопје до аеродромот „Франц Јозеф Штраус“ во Минхен – главниот аеродром во овој германски град.

Авиокомпанијата ќе оперира на оваа линија двапати неделно, во вторник и петок, со воздухоплов од типот Airbus А320-200, со капацитет од 174 седишта.

– Скопје ќе стане една од нашите 150 дестинации, и очекуваме да инвестираме повеќе во Македонија и во регионот во иднина, изјави Иван Ореч, директор за развој на мрежата на линии на Еуровингс. Оттаму информираат дека продажбата на билети за дестинацијата Скопје – Минхен почна на 15 март и е отворена на веб-страницата на авиокомпанијата: www.eurowings.com.

– Македонските граѓани и сите наши патници од регионот ќе добијат дополнителна врска со Минхен, како и нови можности за европски и интерконтинентални конекции, благодарение на кодшер договорот меѓу Луфтханза и компанијата-ќерка Еуровингс. Оваа линија е директен доказ за успешното завршување на преговорите кои ги имавме со авиокомпанијата во изминатиот период и се надеваме дека ова е само почеток на нашата успешна соработка, како и на инвестициите на Еуровинг во Македонија, изјави Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Минатиот месец аеродромскиот оператор по состанокот со претставниците на Еуровингс најави можност за воведување нови авиолинии од Скопје до Германија, објаснувајќи дека е во процес на преговори со авиокомпанијата и нагласувајќи дека ТАВ Македонија константно презема слични маркетиншки активности и има состаноци и преговори со авиокомпании и тур-оператори.

– Директен резултат на ваквите и слични активности се новите летови кои ќе почнат оваа летна сезона од Охрид до полските градови Варшава и Катовице, како и влезот на најголемиот европски тур-оператор Томас Кук на македонскиот пазар, што се случи минатата 2016 година, благодарение на ТАВ, кога почнаа летовите на релација Брисел – Охрид, наведува ТАВ Македонија.

Еуровингс со седиште во Келн е дел од групацијата Луфтханза и се смета за нискобуџетна авиокомпанија. Лета до повеќе од 150 дестинации во над 40 земји во Европа, а позната е по добрата мрежа на рути до атрактивни туристички локации за одморање. Нивните авиони сообраќаат и во повеќе земји од регионот, како Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Србија, Турција.

ТАВ Македонија соопшти и дека првите два месеца од 2017 година ги заврши со зголемување на бројот на патници од 9 отсто, достигнувајќи 238.180 патници на двата македонски аеродрома – „Александар Велики’’ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид.

Минатата 2016 година ја заврши со 1,8 милион патници на двата аеродрома, при што порастот на годишно ниво е 15 проценти, додека истовремено бројот на летови беше 16.883, со зголемување од 8,9 проценти.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба