Два часа бесплатен паркинг и можност за пријавување комунални проблеми со новата апликација на ПОЦ

Од:

Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) ја пушта во употреба новата верзија на мобилната апликација со која сите услуги на претпријатието стануваат достапни и на мобилните телефони.

Од денес, со првото преземање на апликацијата сите корисници ќе добијат два часа бесплатен паркинг, додека жителите на општина Центар ќе добијат 30 часа бесплатен паркинг во гостинскиот пакет на М-картата.

Од ПОЦ објаснуваат дека новата верзија на апликацијата нуди безбедна активна геолокација за прецизна одредба на паркинг-зоната, електронско плаќање паркинг, склучување и продолжување договор за резиденти и нерезиденти и електронско плаќање за истите, најавување на гостински регистрации преку М-картата, пријавување на оштетена урбана опрема на територија на општина Центар со прикачување  фотографија, електронско плаќање на дневна паркинг-карта (ДПК), месечен билет и други типови на билет и други поволности.

Веќе од денес, преку апликацијата, жителите на општина Центар ќе можат да ги пријавуваат комуналните проблеми на територија на општината.

„Секој жител кој ќе забележи оштетена урбана опрема, како прегорена светилка, оштетена клупа, дупка на некоја од сервисните улици или некој сличен комунален проблем, ќе може да ни испрати фотографија која претходно ќе биде геолоцирана и на тој начин ќе добиеме информација за точната локација на проблемот. Фотографијата веднаш ќе биде препратена до вработените на Општина Центар кои ќе алармираат за побрзо решавање на комуналниот проблем“, објасни градоначалникот Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Ана Ололовска

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Ана Ололовска

Бесплатно паркирање за лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ

Ана Ололовска

Се формира ново општинско комунално претпријатие во рамки на ПОЦ

Ана Ололовска

Изминатата недела во Центар санкционирани 159 непрописно паркирани возила

Ана Ололовска