Два чартер лета со гласачи се очекуваат на охридскиот аеродром

Од:

Два чартер лета се најавени да слетаат на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, денеска во текот на претпладневните часови, пренесува Охридпрес.

Авионите со гласачи од дијаспората пристигаат за да гласаат на вториот круг од локалните избори. На аеродромот во Охрид за вчера беа закажани слетување на три чартер лета, два од Италија и еден од Швајцарија.

Вонредни чартер линии од европските дестинации има и на аеродромот во Скопје.

Македонците од Струга кои живеат во Швајцарија преку социјалните мрежи се организираа да дојдат во родниот град за да можат да го дадат својот глас на вториот круг од локалните избори. Македонската заедница во Швајцарија за сите заинтересирани организираше бесплатен превоз од Женева, Швајцарија до Република Македонија.

Инаку, десетина чартер летови пред првиот изборен круг пристигнаа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, претежно со Албанци од струшко и кичевско. На охридскиот аеродром патниците ги чекаа автобуси, со кои се упатија до крајните дестинации во кичевско и струшко. Станува збор за државјани на Република Македонија со привремен престој во странство, кои специјално дојдоа за да гласаат на првиот круг од локалните избори.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија