Два автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции

Од:

Вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници, извести МВР.

– При контрола на автобусите со струшки регистарски ознаки, управувани од Ц.П.(41) од с.Ложани, струшко и А.И.(33) од с.Франгово, струшко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он