А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дуковски во „Рекет“: Обвинителството не покажа докази за делото за кое се товари Бојан Јовановски

by А1он01/06/2020 - 12:3901/06/2020 - 12:50388
Share0

За случајот „Рекет” видовме сè и сешто, но обвинителството не покажа докази за делото за кое се товари обвинетиот Бојан Јовановски, изјави во завршен збор неговиот адвокат Сашко Дуковски.

Добивај вести на вибер

Целата постапка, според Дуковски, се водела со селекција на докази од обвинителството, со недавање на увид изјави на сведоци од пред Обвинителство, со нецелосни и незавршени вештачења и наводното тврдење на оштетениот сведок, кој го пријавил случајот.

– Видовме снимка од цели пет секунди, на која се гледаат банкноти од по 50 евра. Потоа, како на филм на Стивен Спилберг, се гледа како обвинетиот излегува со таа торба лесна како перце, изјави адвокатот Дуковски.

Укажа дека, според Европската централна банка, еден милион евра во банкноти од по 50 евра би тежел 22 килограми и би требало да биде сместен во голем куфер.

– Според мои проценки, тогаш таа торба би требало да тежи 18,5 килограми, изјави Дуковски.
Обвинителството, нагласи тој, по сопствено убедување одлучи да не ни ги даде сите докази и на рочиште на 26 мај прави проширување на обвинителен акт.

– Во точка два, за перење пари од кривично дело 359 сега имате дека Бојан Јовановски од ноември 2017 година ги пуштил во промет парите кои ги добил незаконито. Како можел да троши пари за некое дело во 2017, кога во диспозитивот за делото истрагата за „Империја“ е почната 2018 година, изјави Дуковски.

Обвинителството, според Дуковски, гони за рекет од 1,5 милион евра само врз основа на исказ на оштетениот сведок Орце Камчев, кој има интерес за тоа.

reket

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен