Дуковски: Најболниот е во притвор, а другите двајца со поблаги мерки

Од:

Бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски по денешното рочиште посочи дека е дискриминација што неговиот клиент и првообвинет во „Рекет“ се уште е во притвор.

– Дали не ви личи на дискриминација, двајца се со поблаги мерки, а најболниот во овој предмет е со судски притвор. Секогаш истите образложенија, семејна состојба, опасност од бегство. Не знам што ќе одлучи Апелациониот суд за притворот, но не ми е јасно зошто се продолжува притворот, рече Дуковски.

Тој го дообјасни Јовановски, дека бараат меѓународна медицинска евалуација на досега извадените документи за прегледите.

– Дадени се во неколку странски земји, во Србија и во други земји, согласно ЗКП имаме право да го дадат своето мислење. Ете тоа е евалуација од друга земја, рече Дуковски.

За наводниот криминал на Вилма Русковска од четири милион евра, посочи да се праша Бојан Јовановски.

– Јас не знам, тоа може да го прашате ќе ви објасни детално за тоа Бојан Јовановски, рече Дуковски.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог