(ВИДЕО) Дуковски: Контрадикторни изјави на сведоците во „Рекет“

Од:

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, по рочиштето за „Рекет“, рече дека сведоците на Обвинителството на денешното судење дале контрадикторни изјави.

„Има неверојтни контрадикторности во изјавите”, рече Дуковски.

На дополнително прашање на новинарите дека во обвинението пишува за рекет од 1,5 милион евра, а во судницата се спомнуваат само 710 илјади евра и 350 илјади евра, рече дека тоа е најмалата контрадикторност.

Адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, рече дека имало неконзистентност во изјавите и потврди дека на неговата клиентка и’ оди во прилог тоа што сведоците рекле оти таа не барала пари.

Следното рочиште за „Рекет“ е закажано за 25 декември кога треба да сведочат бизнисмените Зоранчо Митровски, Томе Главчев и адвокатот Сашко Бошков.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог