ДУИ: Следните избори се референдум против изолирана, поделена и корумпирана Македонија

Од:

Додека Христијан Мицкоски продолжува со викотници, навреди и провокации во отсуство на каков било конкретен успех на неговата влада, граѓаните јасно гледаат дека единствениот „програм“ што му останал, пред неуспесите на владата што ја предводи, е омразата, потценувањето на Албанците, клеветите и поттикнувањето на меѓуетничка поделба. Тој вели дека ДУИ имала 23 години да го покаже својот капацитет? Токму во тие години земјата стана членка на НАТО, се доближи до ЕУ, го изгради нај функционалниот модел на мултиетнички соживот во регионот и придонесе за регионалната стабилност преку дијалог и мудрост. Земјата стана пример за регионот. Мицкоски и неговата партија отсекогаш се идентификувале со меѓуетничка омраза, блокади, изолација и масовна корупција, велат од ДУИ.

„Тие секогаш биле против секој стратешки напредок на државата, од Охридскиот договор, преку НАТО, до ЕУ. Денес, освен стратешкиот, го изгубија и моралниот компас. Штитејќи ги своите луѓе вмешани во трагедијата во Кочани, подготвени се да ги следат и заплашуваат родителите на жртвите за да ги спасат виновниците.

Потценувањето и исклучувањето на Албанците можеби ќе му донесе неколку радикални гласови во неговата партија, но на среден и долг рок тој сее семе на поделба што ќе тежи врз идните генерации. А тоа е историска одговорност што ниту Мицкоски, ниту кој било друг, не може да ја испере со демагогија. Во меѓувреме, неговите албански портпароли го вратија времето на вазалството меѓу Албанците. Но, со тоа само ја зацврстија убеденоста на секој Албанец дека честа и достоинството на нашиот народ не можат да бидат згазени од задоцнети националисти, дискредитирани клептократи, а уште помалку од вазали кои станаа срам за народот.

ДУИ останува партија на достоинството, обединувањето и прогресот. Нема да дозволиме омразата да ја замени надежта, ниту поделбата да го замени начелото на еднаквост. Албанците со гордост се соочувале со историјата и ќе се соочат и со овој срамен обид за исклучување, потценување и угнетување. Наредните избори стануваат референдум против изолирана, поделена и корумпирана Северна Македонија, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

МВР: Лишени 16 возачи од слобода, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Предраг Петровиќ

Новиот закон е „политички популизам“ – остава без работа 10.000 луѓе, отвора врата за црниот пазар, а државата ја соочува со потенцијални загуби од над една милијарда евра

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?