ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ конечно се договорија, се одржа првата работна седница на Советот во Тетово

Од:

Советниците од владејачката коалиција конечно договорија мнозинство во тетовскиот Совет. Денеска се одржа првата работна седница, по конституирањето на Советот пред повеќе од три месеци, колку што не функционираше.

За претседавач со Советот е избран Хисен Џемаили од редовите на ДУИ, а како што било договорено, на Македонците ќе им припаднат две раководни и едно заменичко место во Општината, како и едно од двете директорски функции во тетовските градинки.

„ВМРО-ДПМНЕ пропушти голема можност за Македонците во Тетово да издејствува претседател на Советот. Тие направиле некој пазар, кој е многу лош за Македонците. Ова е мултиетничка средина, и во случај кога градоначалникот е од албанска етничка заедница, претседавачот со Советот треба да биде Македонец”, смета советникот Драган Давидовски од ВМРО-Народна партија, кој гласаше против предлогот на ДУИ за избор на претседавач со Советот.

Против спогодбата што ја постигнаа двете коалициски партии гласаа и советниците од редовите на ДПА.

„Гласавме против изборот за претседател. За договореното меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ние знаевме и два дена пред изборите. Нашите сознанија се од шпекулациите што кружат низ градот, за кои граѓаните не знаат од што се состои спогодбата, а се ветува изградба на верски објекти и споменици. Мислам дека ние тоа треба да го знаеме, а најмногу треба да го знаат граѓаните, за што гласале и што ќе добијат од овие договори. Ние сме против индивидуални и колективни пазарења. Не можеме да поддржиме нешто што не знаеме што содржи“, изјави советникот од ДПА, Дурим Љума.

Советниците од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека се задоволни од заеднички постигнатите спогодби, за кои сметаат дека се за доброто на сите граѓани.
Г.М.

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

24-годишно момче од Тетово си го истепа три години постариот брат

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски