ДСЗИ: Инспекторатот е отворен за сите информации од јавен карактер, да не се вознемирува јавноста со неточни информации

Од:

ДСЗИ ја известува јавноста дека при инспекциски надзор извршен на ден 25.07.2018 година во ПЗУ Поликлиника од специјалистичко -консултативна здравствена заштита „Промедика медикал центар„ -Скопје заради непоседување на важечка дозвола за работа издадена од МЗ, е изречена забрана за вршење дејност со решение ИП1 бр.09-461.

„По изречената мерка, здравствената установа поднела барање за обновување на дозволата на кое МЗ позитивно одговорило и ја издало потребната обнова на дозволата која се уште е важечка. На тој начин, мерката на ДСЗИ е спроведена, после што е обезбедено законито продолжување со работа на конкретниот субјект на надзорот“, се вели во соопштението на ДСЗИ, реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во иднина, ги повикуваме заинтересираните субјекти за работите од надлежност на ДСЗИ да се обратат директно до инспекторатот кој е отворен за пристап до сите информации од јавен карактер, со цел да не се вознемирува јавноста со неточни и невистинити информации.

ДСЗИ е орган со широк опус на надлежности, огромен обем на обврски особено во период на пандемиска криза која траеше исклучително долг временски период, но со стручен, професионален и посветен кадар чија цел е заштота на јавното здравје на граѓаните без никакви партиски или политички преференци во својата работа“, се додава во соопштението на ДСЗИ.

Би можело да ве интересира

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

Орце Костов

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Затворени кујните во шест училишта во Карпош по појавата на салмонела

Инспекцијата влезе во Психијатриската болница Бардовци откако се појавија видеа со тепање пациенти

Катерина Ѓуровски