ДСЗИ: Нема санитарно-хигенски недостатоци кај модуларните болници

Од:

Не се констатирани никакви санитарно-хигенски недоследности кај модуларните болници се вели во извештајот по вонредниот инспекциски надзор што го направи Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат од министерството за здравство. Во моментот на надзорот во ниту една од модуларните болнци немало надворешни лица стои во извештајот. Надзорот е направен на 18 модуларни болници.

– По однос на санитарно-хигиенската состојба , извршената ДДД од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени здравствено –хигенски прегледи, обезбедени доволни количини на ЛЗО, обезбедени доволни количини на средства за дезинфекција , динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини не се констатирани недостатоци. Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал ; лекари (специјалисти и специјализанти)и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти. Во модуларната болница на ЈЗУ УКИБФС –Скопје по принципот на ротација дежураат лекари – специјалисти интернисти од сите клиники на Универзитетскиот клинички центар. За нега на пациентите се грижат болничари или сестри за нега. За одржување на хигиената се грижат хигиеничари. Вработените во моуларните болници се имунизирани а дел имаат прележано Ковид 19, се вели во извештајот од ДСЗИ.

Во дел од модуларните болници нема пациенти и се користат како амбуланта за преглед и тријажа и како вакцинални пунктови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока

Обвинителството ја затвори истрагата за изградбата на модуларните болници, немало злоупотреби

Катерина Ѓуровски

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

ДСЗИ: Парична казна за д-р Игор Кузмановски, работеше со необновена лиценца

А1он

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле