ДСЗИ: Да се почитуваат правилата за одење на аџилак

Од:

Лицата кои одат на аџилак во земји ризични за одредени заразни заболувања, можат да патуваат само организирано, во групи не помали од 40 лица. Организаторот е должен десет дена пред патувањето да достави список на патници со податоци за година на раѓање, место и адреса на живеење, број на патна исправа и број на лична карта, како и за секоја група да обезбеди најмалку по еден лекар со соодветна медицинска опрема и лекови.

Лиценцата на лекарот треба да се достави до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Ова се само некои од условите за одење на аџилак што денеска ги соопшти Инспекторатот.

– Организаторот треба да достави и извештај за патувањето до ДСЗИ, ден на поаѓање и враќање, како и назначени гранични премини и земји низ кои ќе се патува до Саудиска Арабија. Лицата, пак, кои патуваат на аџилак се должни да имаат т.н. жолта книшка како потврда дека се вакцинирани против менингоков менингит, во надлежен Центар за јавно здравје, десет дена пред заминувањето. При нивното враќање, на граничниот премин за влез во Македонија од страна на ДСЗИ со решение ќе бидат задолжени да се јават на здравствен надзор во надлежен Центар за јавно здравје, информира ДСЗИ.

За непочитување на која било од овие препораки, Инспекторатот најавува дека ќе поведе соодветни законски постапки.

– Во Македонија единствени точки за влез и излез се Меѓународниот аеродром Скопје за патувања на масовни собири по воздушен пат и граничен премин Деве Баир, за патувања по сувоземен пат. Доколку за патувања по сувоземен пат ДСЗИ не биде навремено информиран, нема обврска за обезбедување дежурна екипа на Деве Баир, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on