А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДСЗИ: Четирите деца со дијабетес матичните лекари ги воделе согласно медицина базирана на докази

by А1он30/07/2018 - 12:1830/07/2018 - 19:54335
Share0

На четирите деца со дијабетес мелитус тип 1 од кои две од Охрид, и по едно од Гевгелија и Свети Николе, за првпат им е дијагностицирана болеста по последното влошување на нивната здравствена состојба поврзана со нивната хоспитализација во клиниките во Скопје. Ова го констатирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по извршениот вонреден инспекциски надзор кај матичните доктори на децата.

Добивај вести на вибер

Од ДСЗИ соопштија дека од првичниот увид во медицинската документација водена за децата, костатирале дека сите посети на децата кај матичените лекари како и посетите во останатите здравствени установи, главно се уредно евидентирани.

Водењето на децата од страна на матичните лекари, како и од страна на здравствените работници во болничките установи, како што се наведува, е согласно упатствата и протоколите за медицина базирана на докази.

Од Клиниката за детски болести, пак, посочуваат дека дијабетес мелитус тип 1 е најчесто автоимуно заболување кое се карактеризира со деструкција на бета клетките на панкреасот, при што доаѓа до комлетен недостаток на инсулин. Една третина од новодијагностицираните деца од дијабетес мелитус тип 1 се примаат во кетоацидозна состојба која бара интензивна терапија. Децата обично пројавуваат симптоми на зголемен внес на течности, зголемено мокрење, зголемен внес на храна, слабеење и стомачни болки, една до четири недели пред да им биде поставена дијгнозата.

Република Македонија спаѓа во земјите со мала/средна инциденца во однос на појавата на дијабетес кај деца. Во последните години постои тренд на зголемување на бројот на заболени, што е во согласност со светските трендови, стои во соопштението на ДСЗИ.

dszimz

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Катерина Ѓуровски07/10/2024 - 12:29

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски24/06/2024 - 11:2924/06/2024 - 14:16

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on02/05/2024 - 13:2602/05/2024 - 15:00

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

A1on08/03/2024 - 13:1108/03/2024 - 14:36

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски06/03/2024 - 14:2806/03/2024 - 14:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен