ДС: Да се донесе закон со кој ќе се даде можност за преиспитување на судските одлуки засновани на фабрикувани докази

Од:

„Демократскиот сојуз апелира до Советот за реформи на правосудниот систем, сериозно и со продлабочена анализа, да пристапат кон иницијативата за создавање законски основи за преиспитување на судските одлуки засновани на фабрикувани факти и докази.

Демократскиот сојуз, предлага, да се донесе закон (кој е веќе подготвен) со кој ќе се даде можност за повторување на постапката и шанса за фер судење во фабрикуваните случаи каде судските одлуки се донесени со кршење на презумција на невиноста (јавна бламажа и сигнал до сите институции дека се работи за избрана цел за отстрел), потоа кога е користен заштитен (лажен) сведок или одлуката е заснована од прислушкувани разговори извадени од целината и контекстот на разговорот, како и во други случаи.

Само со обнова на фабрикуваните полициско-судски случаи ќе се разоткријат креаторите на овие случаи во политичките водства, полицијата, обвинителството и судот.

Последните шест месеци, сведоци сме на аргументирани искажувања на десетици граѓани кои неосновано биле праќани во затвор, меѓу нив и осудени на затворски казни на над десет години или доживотен затвор.

Амнестијата е чин на милост и корекција на неправдата, но овие жртви на режимот, не бараат милост, туку фер судење за да ја докажат својата невиност.

Преку обнова на овие случаи ќе се допре и до суштинските прашања кои судскиот систем го направија некредибилен и сервис на политичките елити и центри на моќ“ се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија