ДС бара заштита за новинарите

Од:

Демократскиот сојуз најостро го осудува чинот на ставање венец пред домот на новинарот, Борјан Јовановски.

„Демократскиот сојуз е за слобода на говорот, како и за објективно информирање, при што инсистира обидите за притисок или закана над новинарите, докрај да се расчистуваат и носителите на ваквите нецивилизациски форми на дејствување  да понесат одговорност.

Демократскиот сојуз како и досега ќе се залага медиумите да имаат еднакви услови за непречено извршување на исклучително тешката и одговорна новинарска професија“, се вели во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

Убиени се двајца новинари во Газа

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он