Државното земјоделско земјиште над 10 хектари под концесија преку електронска лицитација

Од:

Државното земјоделско земјиште над 10 хектари во иднина ќе се дава под концесија преку јавна електронска лицитација, предвидуваат најавените измени на Законот за земјоделско земјиште.

Со тоа, како што изјави денеска премиерот Никола Груевски, ќе се постигне повисока цена, а земјиштето ќе го добијат оние кои се подготвени да платат највисока концесија на државата.

– Остануваат оние што се под 10 хектари, а тоа е направено заради можноста на луѓето што живеат во селата да им се додели селскиот атар, бидејќи најчесто тие од тоа живеат, изјави премиерот Груевски на денешниот официјален почеток на градежните активности…

Тој појасни дека се она што е над 10 хектари се смета за посериозен бизнис и затоа е проценето дека е потребно да има посериозна конкуренција и од тие причини се предвидува ова земјиште да биде понудено преку електронска јавна аукција.

– Со тоа ќе се постигнат вистински пазарни цени и веруваме дека ќе има и поголем приход во Буџетот на Република Македонија, како и поголема транспарентност при распределбата на државното земјоделско земјиште, нагласи Груевски.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски