Државниот врв, Симовски и градоначалниците утре на средба во Собранието за пописот

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија утре ќе се одржи средба на државниот врв и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски со градоначалниците и секретарите на советите за спроведување на Законот за попис.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев ќе имаат официјални обраќања, а ќе зборува и директорот Симовски.

Претставниците од Државниот завод за статистика ќе ги информираат претставниците на локалните самоуправа за нивните должности кои произлегуваат од Законот за попис. Ќе има и сесија за поставување прашања.

Според Законот, претседатели на пописните комисии во 50 региони ќе бидат секретарите на општините. Средбата ќе се одржи во Големата сала со Купола.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски