Државниот секретар во МВР Несторовска на форум на МАРРИ во Белград

Од:

Република Македонија недвосмислено ќе продолжи со поддршката на активностите на МАРРИ, особено во делот на реформите на самата иницијатива, истакна државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска на МАРРИ Министерскиот форум во Белград.

Македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на средбата било договорено Република Македонија да ја има водечката улога во процесот на реструктуирање на Регионалниот Центар во Скопје, со што ќе придонесе кон зајакнување на севкупните капацитети со кој располага.

На маргините на Форумот, Несторовска остварила повеќе билатерални средби со претставници од земјите и меѓународните организации, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он