Државниот секретар Димов на состанок со висока делегација на ЕУ

Од:

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски денес ќе оствари состанок со висока делегација на Европската Унија, предводена од Заменик генералниот секретар надлежен за Заедничка безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП) во Европската служба за надворешни работи Педро Серано.

Дискусиите на состанокот ќе бидат фокусирани на европската перспектива на Република Македонија, процесот на спроведување на внатрешните реформи и добрососедските односи. Исто така, се очекува да се разменат мислења и информации во однос на Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ и учеството на нашата земја во оваа област, како и за активностите и соработката во борбата против тероризмот.

Почитувани претставници на медиумите, ве каниме медиумски да го покриете настанот. Средбата започнува во 16:00 часот во просториите на МНР. Имате можност за фото и видео инсерти пред почетокот на состанокот.

Би можело да ве интересира

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ