Државниот санитарен и здравствен инспекторат со работа во три смени, издава дозволи за влез и излез од државата на професионални возачи на товарни возила. Во смена по десетина вработени, се одговара на барањата кои се доставени до нив.
Дозволите се издаваат со помош на МВР и Министерството за здравство.
Инаку, професионалните возачи на товарни возила кои влегуваат и излегуваат од државата, а не поседуваат дозволи издадени од Санитарниот и здравствен инспекторат ќе бидат пропуштени на граничните премини, но мора дозволата да ја обезбедат најдоцна до 24 март.Одлуката ја донесе Владата на предлог на Министерството за транспорт и врски.