Државниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Од:

Непосредно пред закажаната седница во Собранието на која требаше да се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо коцевски, тој на прес конференција подесена неотповиклива оставка.

– Поднесов неотповиклива оставка од функцијата јавен обвинител на Република Македонија. Од функцијата која ја вршев чесно, заминувам со крената глава, но со разочараност во функционирањето на правната држава. Само еден час пред почетокот ми беше доставена поканата за седницата на која е предлогот за мое разрешување. Предлогот воопшто не ми е доставен. Седницата требаше очигледно да биде само формалнот, со оглед дека не ми беше даден разумен рок за одбрна. тоа е предлог кој не е заснован на факти туку претставув опасен прседан за независноста на Јавнто обвинителство. Предлогот создржи три реда и нема обрзложение ниту аргументација, рече Коцевски соопштувајќи ја оставката.

– Законот е јасен: државниот јавен обвинител може да биде разрешен само доколку се утврди дека сторил тешка дисциплинска повреда. Тоа е така не заради заштита на Љупчо Коцевски или на кој било друг што ќе дојде на оваа функција, туку заради заштита на самостојноста на јавното обвинителство и начелото на поделба на власта. Принципи кои денеска се длабоко нарушени, бидејќи со ниту една постапка не е утврдено дека сум сторил ниту лесна, ниту тешка дисциплинска повреда, а тоа го потврди и Советот на јавните обвинители кој даде негативно мислење по предлогот на Владата, како уставно и законски надлежен орган задолжен да ја штити независноста на јавното обвинителство. Оттука, самата постапка за мое разрешување е правно неиздржана, рече Коцевски.

Државниот јавен обвинител изјави дека Јавното обвинителство во изминатиот период работело во услови на сериозни кадровски и материјални ограничувања, но и покрај тоа, остварило видливи и мерливи резултати, со зголемена ефикасност во 2024 година во однос на 2023 година.

„Бројот на јавни обвинители и стручни соработници е намален, дел од обвинителствата работат со минимален капацитет, без соодветна техничка поддршка и современи алатки, а често и без основни услови за работа“, истакна тој, додавајќи дека годишниот извештај за 2025 година е во завршна фаза.

Според него, во изминатиот период биле сработени голем број предмети од висок јавен интерес, во кои се опфатени лица блиски до различни политички и бизнис структури, што, како што рече, е доказ за неселективниот и објективен пристап на обвинителството.

„Имаме правосилни пресуди за поткуп и тргување со влијание во правосудството, активно обвинение против поранешна претседателка на ДКСК, обвиненија против организирани криминални групи од нарко-подземјето, како и истраги за даночни малверзации и злоупотреби на ИПА-фондови“, наведе државниот јавен обвинител.

Тој посебно ја истакна истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“, која, како што рече, била завршена за рекордни два и пол месеци, при што сè уште се водат дополнителни постапки и проверки поврзани со случајот.

Осврнувајќи се на критиките од последниот извештај на Европската комисија, тој нагласи дека најсериозната забелешка се однесува на политичките притисоци врз правосудството, оценувајќи дека предлогот за негово разрешување е токму пример за таков притисок.

„Не стојам тука поради непрофесионалност или недостаток на резултати, туку затоа што јавно зборував за проблемите, не се мешав во независното одлучување на обвинителите и затоа што започнав процес на прочистување на обвинителството“, рече тој.

Како државен јавен обвинител, по донесувањето на Законот за јавно обвинителство во 2021 година, извршил контрола на работењето на вишите јавни обвинителства и на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по што иницирал дисциплински постапки за сериозни пропусти, дел од кои биле потврдени и од дисциплинската комисија.

„Лицемерно е да бараме одговорност од граѓаните ако не бараме одговорност во сопствените редови“, нагласи тој.

Во своето последно обраќање од функцијата, државниот јавен обвинител им се заблагодари на обвинителите и вработените за, како што рече, нивната професионалност и отпорност на притисоците, испраќајќи порака до граѓаните дека обвинителството мора да ја зачува својата самостојност.

„Институциите се поголеми од поединците, а правдата мора да биде поголема од политиката“, порача тој.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски во Собранието

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски