Државниот јавен обвинител Јовески се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ, Која

Од:

Предлог-законските решенија за јавното обвинителство и за Советот на јавните обвинители биле тема на денешната средба на јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата, како што соопшти ЈОРМ, присуствувале и Нинослав Василевиќ, раководител на Отсек за демократско владеење и општествена кохезија и Елена Хаџи-Антоновски, виш правен асистент во Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Соговорниците изразиле взаемна благодарност за досегашната соработка и ги истакнале заложбите за зајакнување на соработката во иднина.

Државниот јавен обвинител на средбата истакнал дека се предвидуваат подобри решенија за зајакнување на одговорноста на јавните обвинители и подобрена ефикасност во работењето, а станало збор и за статусот на Специјалното јавно обвинителство како иден сегмент од јавнообвинителската мрежа.

Особен осврт Јовески дал на потребата од идна интензивна соработка помеѓу органите на прогонот, а во насока на функционирање на нови истражни центри, заеднички тимови, едукации и интерсекторска соработка за гонење на современите облици на криминал.

Присутните се согласиле околу потребата од натамошна поддршка во насока на зголемување на транспарентноста и зајакнување на довербата на јавноста во работата на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ