Државната изборна комисија в четврток ќе ги отвори вратите за граѓаните

Од:

Стручната служба на Државната изборна комисија (ДИК) на 1 февруари годинава ќе организира Отворен едукативен ден за граѓаните по повод Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток од февруари.

Како што информираат од ДИК, на овој ден сите заинтересирани граѓани се добредојдени во просториите на Државната изборна комисија, каде ќе можат да проследат едукативна презентација преку која ќе се информираат околу остварувањето на своето избирачко право, со особен фокус на водењето на Избирачкиот список.

Воедно граѓаните ќе можат да постават и прашања до вработените во Стручната служба на ДИК, а ќе можат да подигнат и едукативен материјал.

Заинтересираните граѓани ќе можат да ја проследат едукативната тура во седиштето на ДИК (Бул. Св. Кирил и Методиј бр.54, 4-ти кат) во три термини во текот на денот, односно во 11:00, 13:00 и 15:00 часот, а околу остварувањето на своето избирачко право ќе можат да се информираат и во некое од подрачните одделенија и канцеларии.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште