Државната изборна комисија денеска на преговарачка маса

Од:

Преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, засилени со меѓународни посредници, денеска повторно го отвораат прашањето за составот и функцијата на Државната изборна комисија. Извори на А1он од преговарачките тимови велат дека ова прашање е блиску до договор, а крајниот рок е 30.септември.

Ингеренциите на ДИК се зголемуваат за да обезбеди фер и слободни избори. ДИК, според досегашните разговори, ќе брои девет члена, тројца ќе бидат избрани по предлог на власта, тројца од опозицијата, а тројца членови треба да бидат експерти.

Потешко ќе оди усогласувањето за изборните правила.

Груевски предлага мнозински модел, а СДСМ пропорционален со една изборна единица.

zaev-mikrofon1

„Ние сме првата политичка партија којашто спаѓа во корпусот четири најголеми партии, којашто го отвори ова прашање на најтранспаретен начин. Тоа значи, нашата себичност ја тргаме на страна, тоа значи големите партии може да изгубат три, четири, две пратенички места, при ист број гласови кои би ги добиле ако се промени моделот од шест изборни единици на една изборна единица. Но, не е крај на светот, ние очекуваме да бидеме прворангирана политичка партија на наредните избори“, вели Заев.

Жежок костен ќе биде гласањето на дијаспората, тука ставовите се дијаметрално спротивставени.

Изборната рамка треба да биде усогласена до 6 октомври.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан потенцира дека изборите се обврска која произлегува од договорот и оти мора да се спроведат.

„Сите мои партнери потврдија дека изборите треба и мора да се одржат до крајот на април, како што беше договорено. Тоа е една обврска којашто беше договорена и тие треба да се подготват во согласност со европските и меѓународни стандарди. ОБСЕ/ОДИХР, Советот на Европа се тука за да го понудат своето искуство во подготвувањето и мониторингот на овие избори“, вели Хан.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа