Државјанки на Албанија со нелегален престој во Велешта

Од:

Две странски државјанки се затекнати со непријавен престој во струшкото село Велешта.

СВР Охрид денеска соопшти дека се работи за албански државјанки затекнати при акција во угостителски објект што ја реализирале полициските службеници од граничната полиција од регионалниот центар Запад и СВР Охрид.

– Б.Х. (28) и М.С. (21) од Република Албанија се затекнати во ресторанот „Багдад“ во Велешта по што, согласно законот за странци, им е поднесена прекршочна пријава. Нив им е изречена парична казна од 250 евра и една година забрана за влез во Република Македонија, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Двете албански државјанки во угостителски објект „Багдад“ извесно време работеле како естрадни уметнички и имале нелегален престој со што извршиле злоупотреба на туристичкиот престој во Република Македонија за нелегална работа.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он