Државата ќе треба да плати 152 илјади евра отштета за оштетената џамија во Арачиново од воениот конфликт

Од:

Врховниот суд одлучи: Р. Македонија на Исламската верска заедница треба да ѝ плати отштета од 9.349.220 денари или приближно 152 илјади евра за оштетената џамија во Арачиново за време на конфликтот во 2001 година. Судискиот совет на Врховниот суд го одби барањето на Р. Македонија за ревизија на постапката за надомест на штета, во кој странка е ИВЗ. Државата треба да плати и 9300 евра за судски трошоци за водењето на постапката. Оштетата треба да се уплати за оштетена дрвена граѓа набавена за изградба на „Новата Џамија“.

Според образложението на Врховниот суд, на територијата на село Арачаиново, во временскиот период од 22.06.2001 до 24.06.2001 година имало воени дејствија кои се состоеле од пукање од авиони, тенкови и гранатирање (масовно од по 10.000 гранати дневно). Од воените дејствија оштетени биле џамиите во село Арачиново и тоа Долна или „Стара Џамија“, „Горна Џамија“ и „Новата Џамија“, со тоа што „Новата Џамија“ која била во фаза на изградба била опожарена
односно запалена од гранатирањето и со тоа била целосно оштетена.

Бидејќи Новата Џамија за време на воените дејствија била во фаза на изградба за неа не постоел степен на амортизација. Со вештачење било констатирано било дека објектот „Нова Џамија“ е современ верски објект кој што сеуште е во градба, а на денот на увидот објектот бил изведен само во конструкција односно биле изградени армирано-бетонски темели, столбови, греди, плочи, скали, куполи и друго. При увидот на вештите лица на самото место биле
забележани оштетувања на бетонските конструкциски елементи и арматурата, за што бил изготвен табеларен преглед доставен со вештачењето за поправка на фасадата на џамијата, поправка на кровната конструкција на џамијата, поправка на внатрешните оштетувања на приземјето и галеријата како и за електроинсталациите.

Врховниот суд констатира дека пониските судови правилно го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот. Имајќи ја предвид содржината на законската одредба од членот 166 став 1 од Законот за облигационите односи како и неспорно утврдениот факт дека штетата настанала како резултат на акти на насилство – воени дејствија, правилно заклучиле пониските судови дека постои одговорност на државата без утврдување на вина согласно правилата за објективна одговорност за надомест на штета, навеле судиите во образложението.

Би можело да ве интересира

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е креатор, поддржувач и логистичар на криминалмите банди на ДУИ кои се пресметуваат меѓу себе

МВР со детали за пукањето во Арачиново: Градоначалникот не е повреден

Орце Костов

Пукање во Арачиново – повредени член на обезбедувањето и возачот на градоначалникот

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца браќа му се заканувале на градоначалникот на Арачиново

Горан Наумовски

Миликије Халими има факултетска диплома вели премиерот

Орце Костов