А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Државата ќе субвенционира летови кон Шпанија и Норвешка од Скопскиот аеродром

by А1он03/11/2014 - 13:51102
Share0

Министерството за транспорт и врски подготвува документација за нов повик за избор на нискобуџетна авиокомпанија којашто со субвенции би воспоставила четири нови дестинации од Скопскиот аеродром, кон Шпанија и Норвешка, како и директна линија од Охридскиот аеродром до европска метропола. Во првата половина на следната година, според плановите на ресорното Министерство, се очекува да се распише повик и за избор на национален авиопревозник.

Добивај вести на вибер

– Ќе бараме четири нови дестинации од Скопје, кон Шпанија и Норвешка, и една дестинација од Охрид. Ќе одиме повторно со субвенции, со колкав износ ќе бидат ќе видиме, но рамката е 5 милиони евра во наредните три години. Условите генерално се многу слични како и претходниот пат. Со тоа би се овозможиле нови линии за македонските граѓани, но исто така и зголемување на бројот на патниците, изјави денеска министерот за транспорт Јанакиески.

Според него, целта е летовите кон Шпанија и Норвешка да стартуваат од јуни или најдоцна од септември следната година, а покрај тие дестинации ќе се разгледаат и други.

Со субвенционирањето на директна авиолинија од Охрид, укажа Јанакиески, ќе се искористат капацитетите на Охридскиот аеродром. – Капацитетот на аеродоромот во Охрид се уште не е искористен до крај. Сакаме во наредниот период Охридскиот аеродром да заживее и да има директни линии од Охрид кон европски центри, пред се за развој на туризмот, рече Јанакиески.

Тој потенцира дека станува збор за нов повик на кој „Виз Ер“, авиокомпанијата којашто со субвенции од Владата реализира летови од Македонија, ќе нема предност во однос на останатите заинтересирани.

– Ова ќе биде повик за нови дестинации и многу сличен на минатиот, така што секоја авиокомпанија ќе може да се пријави. Никоја нема да има предност, туку сите ќе може да учествуваат бидејќи се работи за нов пакет. Воопшто нема да има никакви предности сегашната авиокомпанија која оперира од Македонија, рече Јанакиески.

vlada

Би можело да ве интересира

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:18

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Горан Наумовски03/02/2026 - 15:27

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Горан Наумовски02/02/2026 - 14:24

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Горан Наумовски28/01/2026 - 13:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен