Драстично намалени нивоата на Вардар и Дрим

Од:

Драстично се намалени нивоата на реките Црн Дрим и Вардар. Просекот на Дрим за август, мерено кај Ложани, вообичаено е 121 сантиметар, а денеска изнесува 55, додека на Вардар кај Скопје, Велес и Јегуновце во просек е до 36 сантиметри, но денеска се движи од четири до 18, соопшти УХМР.

Намален водостој, под августовскиот просек, Вардар покажува и кај Демир Капија.

Нивоата се намалени и на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Берово, а преполовени се на Сатеска кај Ботун, како и на Црна Река кај Новаци.

Минимално зголемување бележат Струмица кај Сушево и Пчиња кај Катлановска Бања.

Би можело да ве интересира

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Критично ниво на реките: Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот

Катерина Ѓуровски

Тело на 71-годишен маж од Скопје е пронајдено во Вардар

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Успешната соработка продолжува: Новоматик Македонија и во следната сезона генерален спонзор на ФК Вардар

Предраг Петровиќ