Драма во Куманово: Полицијата запленила избирачки записници

Од:

Оливер Спасовски обвини дека премиерот Никола Груевски и неговата влада за да ги негираат изборните резултати во овој Куманово, и дека режираат драма.

– Директно вклучена е и полицијата во режирање на сите овие настани. Според наши сознанија, неколку лица се приведени во СВР Куманово и издаден е налог од истражниот судија за да се земат избирачките списоци од три изборни места, на увид во полиција. Наводно имало спречување на избирачкото право. До сега не се дадени било какви забелешки на избирачките записници, потпишани се од сите членови на избирачките одбори и на комисијата. Вториот момент, за да ја фалсификуваат волјата на граѓаните во Куманово, и да ја негираат чистата и убедлива победа што ја остваривме во вториот круг, имаат поднесено околу 30 пригоровори на избирачките места во Куманово, без никаква забелешка на официјалните записници. Директно станува збор за вклучување на партиско-полициската држава, најверојатно поради тоа што Гордана Јанкуловска беше неофицијално шеф на изборниот штаб на Зоран Георгиевски и сега сака преку полициски методи да направи менување на резултатите во Општина Куманово – рече Спасовски.

Тој им порача на Кумановци дека сега се уште поцврсти.

– Можат да тренираат строгост на било кој, меѓутоа во Куманово не можат и не смеат да го направат тоа, заради тоа што граѓаните нема да толерираат и да ја свиткуваат кичмата пред оваа ненародна власт во Република Македонија и на еден ваков брутален начин да се фалсификува волјата на граѓаните. Во првиот изборен круг кога водеа, молчеа и за нив беше се нормално, тогаш биле фер и демократски избори. Во вториот круг кога доживеаја катастрофален пораз, кога граѓаните им кажаа не, сега имало наводни проблеми. Ги повикувам сите од ВМРО ДПМНЕ од Куманово, да не бараат алиби за неуспехот кој што го имате на овие локални избори. Немојте преку полицијата да инструирате луѓе и преку полициските методи да се обидувате да ја поништите волјата на граѓаните на Општина Куманово – додаде Спасовски.

Тој посочи дека на избирачките места каде полицијата врши притисок, има околу 1.200 избирачи и праша зошто сите набљудувачи на ВМРО-ДПМНЕ во неделата ги потпишале записниците и немале примедби на денот на изборите, за разлика од денес.

– Ова не можам никако да го разберам освен како недемократски пристап во рушењето на една демократски избрана власт во Општина Куманово, недемократско режирање на изборни резултати во коишто директно се вклучува полицијата а нема никаква надлежност на изборниот процес. Инаку што се однесува до другите триесет приговори, исто така реков дека се крајно неосновани, без ниту една забелешка, на фер и демократски чисти избори во Куманово сакаат да направат скандал, сакаат да ја рушат волјата на граѓаните се со цел самите да се задоволат на еден ваков начин. Трите гласачки места каде што директно преку полицијата се врши притисок од општинската изборна комисија, се однесуваат за две избирачки места во населба Тоде Мендол и едно избирачко место во населбата Бајрам Шабани. Разликата во овие гласачки места е 2 спрема 1 во корист на СДСМ – потенцираше Спасовски.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра