Драгана Велковска и Марјан Калевски: сопружници дома, партнери на листа за советници

Од:

Драгана Велковска е носител на листата за членови на Советот на Скопје на Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, а на истата листа на четврто место, од вкупно 45, е нејзиниот сопруг Марјан Калевски, но за „А1он“ вели дека не било тоа непотизам. Велковска е актуелна советничка во Советот на Скопје каде што влезе како член на „Левица“ на изборите во 2017 година, но втор мандат во Советот од скопјани ќе бара преку независната листа на „Зелен хуман град“. За неа нема ништо спорно што и таа и сопругот се на истата листа на горните позиции.

„Па зар треба да се разделам од некого за да бидам на листа?! Ние долги години сме заедно во сите иницијативи. Тој е основач на Е.Д.Е.Н., на Охрид СОС, на ’Зелен хуман град’ и е докажан активист. Зошто би имало сомневање за непотизам кога листата беше гласана од сите членови, нема непотизам тука. Одлуките ги носиме по хоризонтала, сите гласаат, имаме посебен куќен ред по кој се носат одлуките“, рече Велковска и укажа дека предложената листа не треба да се разбере како сервирање непотизам пред гласачите уште на старт на изборите, како што многумина замеруваат.

Наспроти нејзиното тврдење, активисти укажуваат дека кандидатите кои биле гласани, на страницата на „„Зелен хуман град“, на фотографиите, се означени со „Од Мој кандидат“, додека тие што не се гласани немаат таква ознака на фотографиите. Кај Велковска и Калевски, односно првите на листата, како и кај уште неколкумина, нема таква ознака, што значи дека за нив немало гласање туку само биле поставени.

Велковска беше единствениот член на „Левица“ кој влезе во Советот на Скопје на изборите во 2017 година. Изминативе четири години поднесе неколку иницијативи за заштита на животната средина и за заштита на животните до Советот.

На нејзиниот профил на „Мој град“ таа објаснила дека се кандидира преку „Зелен хуман град“ оти е еден од основачите кои сметаат дека хоризонталното самоорганизирање во локалните заедници е највисокиот степен на политичка свест, но за да биде успешно, потребна е зрелост кај членовите на таа заедница, а основачите на „Зелен хуман град“ ја имале таа зрелост со начинот на носење одлуки – без навреди, без насилничко однесување туку на база на аргументи и научно базирани докази во цивилизирана дебата во која се почитува и достоинствено се третира соговорникот.

Би можело да ве интересира

Зелен хуман град: Пропаднаа мерките за спречување на аерозагадувањето во Град Скопје

Зелен хуман град: Го одбиваме буџетот на Град Скопје за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Зелен Хуман Град: 15 предлози за намалување на аерозагадувањето преку Град Скопје

Ана Ололовска

Зелен хуман град до УСЈЕ: Никој не ви верува на провидните маипулации

Катерина Ѓуровски

Kонстантин Петрески избран за претседател на Градскиот еко совет

А1он

Петровска: Не сум рекла да не се гласа за Шилегов

А1он