Жителите на Драчево денеска на протест го искажаа револтот од игноранскиот однос на институциите за решавање на нивниот проблем – за површините за кои имаат поседовен лист, да добијат имотни листови, но за тоа државата да не удри по нивниот џеб.
– 1355 жители на село Драчево се изложени на неизвесност и стрес за нешто што државата има обврска да го реши. Како сопственици на еднаш стекнати имоти, побаравме утврдувањето на сопственоста на недвижните имоти да го направи државата, со тоа што луѓето ќе бида ослободени од огромните трошоци во вкупна вредност од 1,2 милион евра! Ете толку чинат трошоците на коишто сака државата да не изложи, за изработка на геодетски елаборати, нотарски трошоци и сл., за да можеме нашиот имот да го сметаме за свој, да можеме да градиме, да ја продаваме и да ја ставаме својата недвижност под хипотека, на што имаме како сопственици право. Но тоа право ни е ускратено – изјави жител на село Драчево, Борис Петрушевски.
Тој информира дека иако пре дполовина година испратиле петивција до сите надлежни институции, до денес одговор добиле само од мисијата на ЕУ во Македонија, која го поздравила нивниот обид да се реши проблемот низ институциите.
– Стигна оградувачко писмо од Владата на РМ. Не било нејзина надлежност. Не препрати дека е надлежна институција е Агенцијата за катастар на недвижности – да сме го почекале нивното постапување. Но Агенцијата за катастар на недвижности не реагира. Дали и за инертноста на Катастарот не е одговорна Владата – праша Петриушевски.
Тој информираше дека во селата Долно Лисиче, Студеничани, Батинци, веќе е извршена конверзија на податоците од Катастарот на земјиште во Катастарот на недвижности.