ДР-ДПА: Двете владејачки партии постојано го опструираат СЈО

Од:

„ДР-ДПА, го осудува однесувањето на двете владејачки партии, особено на ДУИ, која декларативно кажува дека ја поддржуваат работата на специјалното обвинителство, додека праксата покажува дека двете партии постојано ја опструираат и и создаваат пречки на Специјалното Јавно обвинителство.

Ние напоменуваме дека целата оваа саботажа е поврзана со изборниот процес и двете партии ВМРО-ДУИ се свесни за импликациите и нивната одговорност во случаите „Монстра”, „Сопот” и „Мартин Нешкоски”, а и многу други, поради страв дека вистината ќе ги натовари со политичка и кривична одговорност и строго ќе бидат казнети во изборите на 11 декември.

Апелираме до вас парламентарните политички партии да што е можно побрзо, со брза постапка да го изгласате законот за заштита на сведоците и да го отворите патот за Специјалното Јавно Обвинителство, да што е можно поскоро да се решат горенаведените случаеви.

Ги повикуваме албанските политички партии ДУИ и ДПА да се соединат за откривање на вистината и да се залагаат за правдата на Албанците, а не да го покриваат криминалот, корупцијата и да ја злоупотребат службената положба“, се вели во соопштението на Движењето за Реформи ДПА.

Би можело да ве интересира

ДР-ДПА: Последниот круг на маратонскиот циркус во здравството

Наум Локоски

Средба на Зијадин Села со високи претставници на американската амбасада во Скопје

Наум Локоски