ДПТМ: Неприфатливи активностите кои задираат во унитарниот карактер на државата

Од:

Демократската партија на Турците во Македонија преку соопштение изрази загриженост за, како што се наведува, активностите за креирање законски решенија кои длабоко задираат во унитарниот карактер на државата и заговараат бинационални решенија.

– Имајќи ја предвид дикцијата на преамбулата на уставот на Р. Македонија во која припадниците на немнозинските заедници се дефинирани како делови на Албанскиот, Турскиот, Ромскиот, Српскиот, Бошњачкиот и Влашкиот народ во Македонија, давање ексклузивни права на една етничка заедница ја нарушува со устав загарантираната еднаквост на граѓаните и помалкубројнте еднички заедници ги става во подредена положба. Од тука сосема се разбирливи реакциите на припадниците на турската заедница кои ваквите решенија ги сметаат како вешта политичка манипулација која може да предизвика дополнителни тензии и конфликтност со далекусежни последици по стабилноста на Македонија и регионот во целина, се наведува во соопштението.

За ДПТМ ваквите решенија се неприфатливи, се додава, далеку од толку прокламираниот граѓански коцепт на државата, спротивен на Уставот и духот на Рамковниот договор од Охрид.

Од ДПТМ истакнуваат дека и натаму ќе се залагаат за силна, стабилна, просперитетна и унитарна Македонија во која подеднакво ќе се чувствуваат сите нејзини граѓани, независно од нивната национална, верска или која било припадност.

Би можело да ве интересира

Бејџан Илјас нов претседател на ДПТМ

Ана Ололовска

Демократската партија на Турците против одлуката на Иванов

Емир Латифовиќ

Кенан Хасипи реизбран за претседател на ДПТМ

Кејт Мидлтон