ДПИ најави сузбивање на нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци

Од:

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави активности за сузбивање на нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци. Со контролите ќе бидат опфатени сите трговци и доколку немаат регистрирана дејност освен пропишаните казни ќе им бидат одземени производите.

Од ДПИ соопштија дека од извршените инспекциски надзори врз основа на одлуките на Владата кои се однесуваат на овошјето и зеленчукот, затечени се поголем број нерегистрирани трговци. Со цел да се сузбие нелојалната конкуренција предизвикана од нерегистрираните трговци, Пазарниот инспекторат во наредниот период ќе спроведува и надзори за утврдување на нерегистрирана дејност врз основа на Законот за трговија. Освен кај оние кои продаваат овошје и зеленчук, надзори ќе се вршат и кај сите останати трговци, за сите производи низ целата територија на Република Северна Македонија. Во случај да се затекне нерегистриран трговец, освен изречена казна, ќе следува и целосно одземање на производите кои ги продава, соопшти ДПИ.

Упатува апел до оние кои вршат нерегистрирана дејност, во најбрз можен рок да извршат регистрација, која укажуваат дека е многу едноставна и нема да им одземе повеќе од два дена.

-Доколку оставиме простор да се проширува нелојалната конкуренција која ја создаваат нерегистрираните трговци, така и нечесните трговски практики ќе се одразат врз регистрираните трговци кои си ги исполнуваат обврските кон државата, со што системот ќе затајува, а тоа никому не оди во прилог. Ги охрабруваме граѓаните доколку забележат или веќе познаваат нерегистрирани трговци, препродавачи и продавници, веднаш да пријават во пазарниот инспекторат, порачуваат од Државниот пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Пазарна се закани со казни за сите што ќе работат утре: Исклучок се фирмите кои не можат да го запрат производството

A1on

Синдикат на ДПИ: Во дел од образовните установи се вработуваат лица на водечките позиции кои не се квалификувани

Горан Наумовски

Трајковски: ДПИ издаде две решенија за затворање на маркети

Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарен инспекторат ќе проверува дали купувачите се доведени во заблуда

A1on

Пазарен инспекторат: Граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат казнети оние што не ја почитуваат гарантираната цена

A1on

Трајковски: Затворени 10 маркети, нерегистрираните трговци да се регистрираат најдоцна до 15 октомври