ДПА: Победата на Мухамед Тачи е неизбежна во Чаир

Од:

Победата на Мухамед Тачи е неизбежна во Чаир затоа ги молиме оние од ДУИ да не ги допираат нашите гласови, на голем број млади луѓе во општината, кои го прифаќаат исклучиво нашиот кандидат, рече претседатлеот на ДПА Мендух Тачи на вечерашниот митинг на партијата во Општина Чаир.

Според кандидатот за градоначалник на ДПА, Мухамед Тачи за Општина Чаир, ДУИ ќе го изгуби Скопје и секое место каде што живеат Албанците бидејќи, како што подвлече, во изминатите години немаат направено ништо за нив.

Вашето присуство овде, потенцира тој, значи стоп за оние кои прават зулуми во Чаир, а обичните граѓани во оваа општина од ден на ден живеат во се поголема сиромаштија, а насилниците се погатат.

– Ги молиме сите Албанци да се ангажираат за да ги вратиме оние од ДУИ онаму каде што почнале како крадци на дрвја и подрумски луѓе. На демократски начин ќе ги избркаме од политиката, а не со насилство, рече меѓу другото кандидатот за градоначалник на Чаир од ДПА, Тачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија