ДПА одржа митинг во Сарај

Од:

Демократската партија на Албанците вечерва одржа предизборен митинг во Сарај. Лидерот на партијата Медух Тачи ги повика жителите на Сарај да и кажат „не“ на ДУИ, да му кажат „не“ на криминалот и да гласаат за кандидатот за градоначалник од ДПА и за носителот на советничката листа, кои, како што рече, ќе го вратат нивното достоинство и ќе им овозможат решавање на животните проблеми.

– На 24 март мора да победиме и да кажеме крај на насилството и криминалот кој владее во изминатите четири години. Овие избори се многу значајни за Албанците и затоа ја бараме поддршката од вас. Сарај отсекогаш и припаѓал на ДПА и тоа мора да го докажеме. Ви ветувам дека ќе победиме и во Тетово, Липково, Студеничани и Струга. Дури и Брисел и Вашингтон бараат од Албанците да гласаат против ДУИ. Ова е и национална борба. ДУИ не работи за доброто на Албанците и затоа мора да ги казниме, рече Тачи.

Кандидатот за градоначалник на Сарај од ДПА, Азби Нудерини рече дека има многу прашања да им постави на ДУИ.

– Тие во Сарај пред четири години ветија дека ќе изградат болница, училиште, спортските терени и дека ќе отворат повеќе од десет илјади работни места за младите, но ништо не реализираа. Денеска бев во Грчец и можев да забележам само дупки по улиците. Селото се уште нема канализација. Затоа доби плоштад кој е изграден во мандат кога градоначалник на Сарај беше човек од ДПА. Им велиме дека за нив повеќе нема место во оваа општина. Барам да излезете масовно на 24 март за конечно да ја смениме ситуацијата на подобро во Сарај, додаде Нудерини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија