ДПА до ДУИ : Најлошо е кога проститутка продава морал

Од:

„Најлошо е кога проститутка продава морал“, вака Зијадин Села во форма на процедурална забелешка, му реплицираше, исто на процедуралната забелешка на Талат Џафери од ДУИ. И му кажа дека ДУИ, како проститутка, биле во креветот и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ

Села, рече дека иако можеби ДУИ смета дека треба Али Ахмети да добие споменик, сепак тоа го заслужува Хасан Приштина кој го ослободил Скопје.

„Проектот „Скопје 2014“ е башибозук и криминал на владата. Ниеден споменик не поминал во Собрание.Треба кривична постапка против сите инволвирани во проектот. Нема да ги уништиме, туку ќе ги пренесеме и во другите градови“, рече Села.

„Немаме потреба од адвокати, кои не знаат како да го оправдаат војводата за коалицијата со четничињата. Арификмет Џемаили, како кадар на ДПА стави печат на проектот „Скопје 2014“, одговори Џафери.

„Ве боли оваа соработка зошто ќе загубите и ќе видите каде ви е местото“, за изговореното , Села доби аплауз од опозициските редови, а од претседателот на Собранието барање за демократско однесување и дебата.

Весна Бендевска праша што имаше процедурално кај Џафери, а на Велјаноски му кажа дека се „избањати од ДУИ,ги пуштиле по вода и не дебатираат„Смирете се“, му порача на спикерот.

„Не треба на заменик координаторот на ДПА, да му бидете адвокат. Во коалиција сте , ама не му бидете адвокат“, врати Велјаноски.

 

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски