Доживел срцев удар додека возел патник, почина таксист од Скопје

Од:

62-годишен такист од Скопје доживеал срцев удар додека возел патник. Му се слошило и излетал од коловозот по што удрил во дрво.

По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што лекар констатирал смрт како последица од срцев удар.

– На 31.05.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираше МВР.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар