Дождовите ја подобрија состојбата со нивото на Охридското Езеро

Од:

Врнежите од дожд во изминатите денови значително ја подобрија хидролошката состојба во охридскиот регион. Нивото на Охридското Езеро постојано расте, така што според денешните мерења се наоѓа на 693.30 метри надморска височина, што е на 20 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 метри, односно осум сантиметри под просекот за месец јануари.

Температурата на езерската вода измерена утрово е шест степени Целзиусови или еден степен под месечниот просек.

Неповолната хидролошка состојба предизвикана пред се од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи есента придонесоа на крајот на ноември нивото на езерото да стигне дури до 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум.

Би можело да ве интересира

Битолчанец се удавил во Охридското Езеро

Горан Наумовски

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он

Пронајдено e телото на нуркачот од Бугарија кој исчезна во водите на Охридското Езеро

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван