Дождливо со темепратури до 22 степени

Од:

Времето денеска е променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60 киометри на час). Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20 литри на метар квадратен за 24 часа).

До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од северен правец.

Би можело да ве интересира

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула

Ветер, дожд и снег до вторник

Променливо облачно време со врнежи од дожд

А1он

Период на облачно и потопло време

Облачно, дожд и потопло

Студено и со негативни температура почнува новата година

Катерина Ѓуровски