Дожд, ветер и пониски температури

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Скопје, во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови, каде се очекува количината на врнежи да надмине 30 литри на метар квадратен.

Дневната температура ќе биде во опаѓање, а в четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој в четврток ќе биде засилен, повремено силен.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво