Дожд, снег и пониски температури во викендот

Од:

Во земјава денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 6 до минус 1, а максималните ќе достигнат од 7 до 14 степени.

Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималните температури ќе се спуштат до минус 5, а максималните ќе достигнат до 9 степени.

Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 26 степени

Сончево и топло со температури до 26 степени

Променливо време со ниски утрински температури

Променливо облачно време со сончеви периоди

А1он

И сонце и облаци, темепратури до 23 степени

Променливо облачно, со локален дожд